Латино дивата Џенифер Лопез ја откажа летната турнеја во Северна Америка, која требаше да биде прва во последните пет години.
Претставниците на „Лајв нејшн“ вчера објавија дека турнејата на Џенифер Лопез за летото 2024 година „This is me…live“ е откажана со кратко објаснување:
„Џенифер зема слободно време за да биде со своите деца, семејството и блиските пријатели“, стои на официјалната веб-страница за продажба на билети.
Ова соопштение го потврди и Џеј Ло, која на својот блог напиша зошто морала да откаже 30 настапи.
„Целосно сум разочарана и поразена затоа што ве изневерив. Ве молам, важно е да знаете дека ова не би го направила доколку не мислам дека е неопходно. Ветувам дека ќе ви се оддолжам и дека повторно ќе бидеме заедно“, напишала латино ѕвездата.
„This is Me…Live“ требаше да биде турнеја со 30 концерти, на кои Лопез планираше да ги изведе најголемите хитови од својата 25-години долга кариера.
Во план беа 37 концерти, но седум настапи беа откажани по само две недели, исто така, поради слабата продажба на билетите.
Откако беше соопштено дека ја откажува турнејата, коментарите не престануваат да се редат и сите главно се околу тоа дека Џеј Ло ја откажала турнејата затоа што никој не купувал карти за нејзините концерти. Обожавателите дури ѝ порачаа дека е време да направи пауза.