Народ ме сака, многу ме сака, и им благодарам на тоа, вели балканската ѕвезда Тања Савиќ која често има концерти и пред македонската публика. Таа вели дека публиката препознала нешто во нејзиниот талент и нејзиниот карактер, па затоа ја сакаат. Во интервјуто за STARS, Савиќ вели скромна сум, не се занесувам и тоа што сум јас тоа гледа и сака публиката.
Тања пред 10 години и Тања сега, по што се разликуваат? – беше нашето следно прашање.
„Не сум размислува многу на таа тема, со тоа што можам да кажам дека пред 10 години ми се случуваа многу работи. Колку добро толку и лоши. Така што јас за себе сметам дека сум комплетно нова Тања. Не визуелно, туку во ментална смисла. Јас многу, многу се променив, станав помудра, научив дека сите луѓе не се исти и на тоа гледав поискусно..“ одговара Тања.
Савиќ вели дека пред крајот на годината ќе наполни Арена, сите подготовки биле во тек и сега го чека само датумот за официјално и објави. Пејачката сакала тоа да биде на роденденот на нејзиниот татко на 26-ти септември, затоа што тој бил заслужен за нејзиниот успех, но сепак се одложил за подоцна.
Тања Савиќ во интервјуто за STARS открива многу повеќе и за нејзината врска со нејзиното момче кое е помладо 11 години.
Не го пропуштајте овој екслузивен разговор на Тања Савиќ.