HomeUncategorizedИнстаграм прашања: Андреј ДНК и Срџан од Инспирација бенд

Инстаграм прашања: Андреј ДНК и Срџан од Инспирација бенд

Во рубриката Инстаграм прашања во STARS, Андреј ДНК и Срџан од Инспирација бенд одговараа на вашите прашања:

Кој ви бил најголем страв на вас како бенд? – беше првото прашање за Срџан, на што ни одговори:

„Во принцип, страв на секој бенд да не пропадне. Ги немавме тие проблеми, но во суштина тоа е..“ вели со смеа членот на Инспирација Бенд.

Девојките прашуваат во каков љубовен статус си? е второто ваше прашање на кое баравме одговор.

„Јас сум против, поточно мојата религија не дозовлува женење и брак, така што имам едно слатко детенце, од година ипол и со неговата мајка живеам, и тоа е еден супер погодок. Ова е нова религија“ вели Срџан.

Дали имаш доживеано непријатно сцена на некој од твоите настапи?

„Во принцип на клубските настани немаме толку непријатни моменти или проблеми, ама се случува на приватни настани, секој да се покаже во најдобро светло и така..“ раскажува Срџан.

Како се справувате со обожавателките? беше последното прашање од Инстраграм публиката за него.

„Јас немам обожавателки, немам фанови, јас имам луѓе кои сакаат да не слушат и да не гледаат. Некако, не ми одговаара да имам фанови, да речам“ ни одгвоори тој.

Првото прашање за Андреј во нашата рубрика Инстраграм прашања, беше во какви односи е со Таско?

„Со Таско сум во добри односи, одлични. Се дружиме и приватно“ одговори Андреј од ДНК.

Дали има песна за која си очекувал да постигне поголем успех?

„Тоа е она што е магично да ги работиш песните во студио, а не знаеш на што ќе наидеш од другата страна, од публиката. Многу пати сме биле изненадени од песни од кои сме мислиле дека ќе станат многу големи хитови, станале, но не толку колку што сме очекувале. А имаме и спротивно. Така што сме имале различни ситуациии“ раскажува Андреј.

Што те нервира најмногу кај Панчо, ако нешто те нервира?

„Па ме нервира.. Ние сме во врска како што се другите, ние сме заедно 25 години. Има такви ситници, за нешто во бендот биде подобро. Вака, не ме нервира, тој е многу профисионален и прецизен. Порано ме нервирал, сега сум отрпнат“ вели Андреј за неговиот колега од ДНК.

На кој датум е роден Панчо? го прашавме Андреј на што тој ни одговори: „Мислам, летово е сега, 25 јули или 9-ти? 29-ти, епа блиску сум бил, 4 дена“ со смеа погодуваше Андреј.

Must Read

spot_img