„Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – напиша Тамара до фотките со кои го одбележа 39-тиот роденден, а објави и една семејна, со дечкото Лука и двете деца, со роденденска торта.
Тамара Тодевска наполни 39 години и изгледа подобро и посреќно од кога било.
На Инстаграм таа објави фотки од шик модна комбинација, во која вчеравечер имаше настап и напиша:
„Сликите се од вчера, но денеска сум уште посреќна и поблагодарна за секоја Ваша честитка, порака и желба.
Фала Ви од срце. За уште многу години! 39!“
Колегите и пријателите во коментари ѝ доделуваат комплименти, а на Инстаграм Стори таа сподели неколку честитки од најблиските кои ѝ посакаа среќен роденден со заеднички фотки, меѓу кои Миа Костова, Катарина Ивановска, Васил Гарванлиев и многу други.
И нејзиниот дечко Лука ѝ честиташе со заедничка фотографија на која напиша „Среќен роденден на мојата немирна“, а таа сподели и семејна фотка со него, со децата Хана и Дарен и кучето.