опственичката на безвременските хитови Неда Украден плени со својата убавина и енергија откако се појави на музичка сцена. Покрај тоа што пее феноменално, таа дури и дипломирала на два универзитети, а бројните обврски не ја спречиле ниту на 73 години да изгледа многу подобро од многу нејзини помладите колешки.
Неда со години го одржува убавиот изглед, а сите се изненадени кога ќе чујат колку години има. Сепак, пејачката речиси никогаш не отстапува од својата рутина, без разлика каде се наоѓа.
– Речиси секое утро со години правам вежби за тело и вежби за дишење. Не одам во теретана, поради мојата работа која вклучува постојано патување, би го изгубила членството во која било. Наместо тоа, каде и да сум, во која хотелска соба и да сум, ставам крпа или јога душек за вежбање и правам склекови и стомачни петнаесетина минути.
Таа со гордост истакнува дека одолеала на трендот на пластична хирургија, а на неа се‘ е природно!
– Вежбите не ми се премногу напорни, а мило ми е што резултатите се видливи и што на 73 години со гордост можам да кажам дека се‘ на мене е мое! Убавината е во нас, кога ќе го препознаеме тоа, стануваме задоволни од самите себе – смета пејачката.
И нагласува дека клучот за нејзината витка линија е токму урамнотежената исхрана, а омилен зеленчук и е зелката.
– Сакам медитеранска храна. Овошје, зеленчук, маслиново масло, блитва, зготвена храна… Кралицата на мојата трпеза е раштика/раштан, јас го сакам тој зеленчук. Понекогаш посегнувам по торта или се почестувам со чинија тестенини. Но, кога ќе се прејадам еден ден, внимавам што ќе јадам следниот ден, па секогаш сум во рамнотежа. А рамнотежата е секогаш важна во животот – заклучила таа.