HomeUncategorizedИнстаграм прашања: Антониа Гиговска и Сања Вучиќ

Инстаграм прашања: Антониа Гиговска и Сања Вучиќ

Во рубриката Инстаграм прашања во STARS Антониа Гиговска и Сања Вучиќ одговараа на вашите прашања:

Да имаш можност да го вратиш времето, што би променила?

„Ништо“ одговори Антониа.

Какви ви се односите со Иван?

„Супер“ одговори пејачката на прашањето какви односи има со нејзиното поранешно момче.

Дали некогаш се случила тепачка помеѓу тебе и друга девојка за момче?

„Не, уствари да. Да,ама бев многу помала, имав 12-13 години, можеби 14“ рече Антониа, а на прашањето дали се тепала како мала одговори дека сакала да ја тепаат.

Првото прашање за Сања Вучиќ беше: Дали се гледа како сопруга и мајка оваа година?

„Оваа година? Можеби. Не сакам да прејудицирам, ама ајде нека биде можеби. Не зависи од мене дали ќе ме запросат“ одговори Сања.

Дали искрено ти недостасуваше татковата љубов?

„Што би одговорила на ова прашање.. “ кратко рече пејачката.

Што е најголемата глупост што си ја направила во име на љубовта?

„Па мислам дека тоа се некои љубоморни испади. Кога ќе ја изгубиш гордоста. Па така, хистерична, не знаеш што со себе. Мислам, не сум гребала коли и тие работи, но затоа хистерични напади да“ одговори Вучиќ.

Must Read

spot_img