Златко Јовановски, македонскиот дизајнер познат како Џеј Зи Џеј (JZJ) е познат по своите специфични и уникатни модни креации кои во многу наврати имала можност да ги носи и балканската ѕвезда Јелена Карлеуша.
Овој пат во негова прекрасна креација се најде Викторија Сваровски, сопственичката на светскиот бренд „Сваровски“.
„Драги пријатели, што и да пишам е малку… само ќе кажам, да работите напорно и да верувате во чуда! Дека чуда се случуваат!! Сопственичката на брендот „Сваровски“ носи моја креација“ , напиша Златко и додаде:
„Мојот труд, моето време, мојата енергија да го направам мојот бренд светски! Мојата етикета ја има насекаде низ светот! Среќен сум кога мои креации носат дами кои се убави, успешни и имаат можност да облечат било кој.. и тие ме избираат токму мене! Тогаш сум поласкан и почестен!“ пренесе Женски магазин.

