Познатиот српски рапер за прв пат пред македонската публика, гостуваше во емисијата STARS. Тој ни откри дека во нашето струдио има убава енергија, а ни ја пофали и декорацијата во студиото.
На прашањето како се справува со негативните коментари кои многу често завршуваат на негова сметка како контроверзен рапер, тој Десингерица вели не слуша што му зборува публиката која не ја почитува неговата работа.
„Искрен да бидам јас не ја знам оваа другата страна од публиката и не слушам што ми зборуваат, затоа што тоа не ме интересира. Никој кој ќе ме сретне на улица не ми кажува јас не те сакам. Туку спротивно, ме почитуваат “ вели српскиот рапер.
Раскажува дека се нашол во една таква ситуација, естрадни уметници да не го почитуваат, но сега ситуацијата се промени, сега ме сакаат.
Интервјуто со Драгомир Деспиќ – познатиот српски рапер по прекарот Десингерица не смеете да го пропуштите!