HomeUncategorizedАнтониа Гиговска: Му посакувам сѐ најдобро на Иван

Антониа Гиговска: Му посакувам сѐ најдобро на Иван

Антониа Гиговска му посака се најдобро на нејзиното поранешно момче. На прашањето, што мисли за името на ќерката на Иван Јовановски, пејачката не сакаше да коментира, но на целото негово семејство им посака се најдобро.

„Да е жива и здрава, пред сѐ. Многу ми е мило што Иван стана татко и му се исполни желбата да има девојче. На оваа тема не сакам многу да зборувам, затоа што имам своја фамилија и дете, и баш ми е непријатно, меѓутоа сѐ најдобро. Јас спрема Иван немам ништо, јас го почитувам него како човек, го сакам како човек. Неговите родители многу ги почитувам, ги сакам. Дефинитивно сум пресреќна што станале баба и дедо. Така што се најубаво во животот понатаму“ рече Антониа.

Погледнете ги сите одговори на Антониа Гиговска на прашањата за нејзиното поранешно момче Иван.

Must Read

spot_img